Салах: Ги следам резултатите на Сити, тоа дополнително ме мотивира!

Ливерпул ќе биде шампион, доколку успее да слави на последните четири натпревари од Премиер лигата, смета играчот на „црвените“ Мохамед Салах.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Мане и Салах пак блеснаа, Ливерпул за ДВЕ минути го среди Челзи

Избраниците на Клоп вчера славеа сигурна победа од 2-0 против тимот на Челзи и сега имаат два бода повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе во однос на „граѓаните“. Токму Салах со вистинско ремек дело зголеми на 2-0 и ја најави победата.

„Би требало четири победи до крајот да ни ја донесат титулата. Мораме да се фокусираме на самите себе, но истовремено да се надеваме дека Сити некаде ќе загуби бодови. Ги следам нивните резултати и сметам дека тоа само може да нè мотивира да бидеме уште посилни. Победата против Челзи беше сосема заслужена“, изјави Салах.

Ливерпул пред да ги продолжи настапите во Премиер лигата, во текот на неделата ќе го игра реванш натпреварот против Порто од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: НЕВИДЕН ЕВРОГОЛ на Салах, Челзи во нокдаун на „Енфилд“