Салах емотивен по победата: „Ова е можеби мојот последен натпревар против Сити“

Мохамед Салах повторно блесна во дресот на Ливерпул и зад своето име забележа уште еден незаборавен натпревар во Премиер лигата. „Црвените“ токму на погонот на својот најдобар фудбалер извојуваа голема победа над Манчестер Сити од 2-0.

По натпреварот, на кој забележа гол и асистираше, Салах изјави дека во неговата глава му била мислата дека ова може да му биде последниот судир со „граѓаните“.

„Искрено... Тоа е во мојата глава. Засега, ова е мојот последен натпревар за Ливерпул против Сити.

Уживав, ќе уживам во секоја секунда овде. Се надевам дека ќе ја освоиме лигата“, изјави Салах.

Секако, египетскиот ас веројатно мислеше дека ова му е последен меч против Сити на домашен терен, но сигурно дека полека се подготвува и збогувањето меѓу Салах и Ливерпул. Египќанецот има договор до летото 2025 година, по што ќе може слободно да избере нова средина. 

Состави

Арне Слот

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1