ВИДЕО: Салах доби подарок од голманот и го даде првиот гол за Трабзон! 

Не требаше долго да се чека на првите голови на Мохамед Салах во дресот на Трабзон. Египетската суперѕвезда постигна два гола против Башакшехир и на најдобар можен начин го започна својот престој во турскиот клуб, кој издвојува огромна сума за неговиот ангажман.

Салах стрелаше уште во осмата минута, откако го искористи големиот кикс на голманот на гостите и лесно ја затресе мрежата за својот првенец во новиот клуб. Башакшехир набрзо израмни од пенал, но Салах повторно стапи на сцена на почетокот од второто полувреме. По прекрасна тимска акција, Египќанецот повторно се запиша во листата на стрелците и му ја врати предноста на Трабзон.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул во Трабзон ќе има годишна плата од 17 милиони евра, па јасно е дека очекувањата од него ќе бидат огромни.