Салах до навивачите: Ве молам, донесете го „Енфилд“ во Мадрид

Мохамед Салах

Финишот на сезоната во Премиер лигата донесе радост кај Манчестер Сити и тага кај фудбалерите на Ливерпул.

Помина уште една година, а „црвените“ повторно останаа покуси во борбата за шампионската титула во домашното првенство. Еден бод ги раздели првите две екипи на табелата, што е дополнително разочарување за тимот на Јирген Клоп.

Но, нивната сезоната не е завршена, што ги потврди Мохамед Салах, кој побара од навивачите да направат пеколна атмосфера на финалето во Лигата на шампионите во Мадрид.

„Чувствуваме горчина, но сезоната за нас не е завршена. Би сакал да им се заблагодарам на тренерите, соиграчите и сите навивачи. И фанови, ве молам донесете го „Енфилд“ во Мадрид“, гласеше пораката на египетскиот интернационалец.

На 1 јуни на „Ванда Метрополитано“, Тотенхем ќе го предизвика Ливерпул во борбата за „долгоушкото“.