Салах: Ако освојам трофеј со Египет ќе ми биде највреден во кариерата

Мохамед Салах е предводник на Египет на теренот за време на Африканскиот Куп на нации. Во групната фаза Еѓипќаните завршија како првопласирани, со две победи и едно реми. Фудбалерот на Ливерпул нагласи дека трофеј со националниот тим би му значел најмногу во кариерата. 

„Секако, сакам да освојам трофеј со националниот тим. Ова е мојата земја, ја сакам најмногу. Титула на Африканскиот Куп на нации би била сосема поинаква од претходно, без сомнеж најблиска до срцето. Бевме блиску претходно да го освоиме турнирот, ама немавме среќа.

Сега сме тука и мора да се бориме пак, да дадеме сè од себе да дојдеме до трофејот. Прво мора да се фокусираме на Брегот на Слоновата коска, па потоа ќе видиме“, изјави Салах. 

Сепак, Египет ќе има тешка задача на турнирот, бидејќи на кој не е меѓу главните фаворити. Веќе во првата нокаут рунда ќе треба да елиминира африкански гигант, па потоа да размислува за титулата.