
Претседателот на фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, по ждрепката за плејофот во Лигата на нациите го коментираше дуелот со Македонија и според неговите зборови тој е голем оптимист и очекува Косовците да се најдат во финалето.
Ждрепката посака финалето да се игра во Грузија или Белорусија. Првото полуфинале го сочинуваат двете споменати земји, додека во второто играат Косово и Македонија.
„Знаевме кои тимови чекаат во оваа фаза. Среќата не беше на нашата страна, па би играле два меча како гости во овој плејоф. Како и да е, не се плашиме од предизвикот, иако сакавме финалето во Лига Нации да биде во Приштина, за да славиме на нашиот стадион, во нашата држава. Продолжуваме да го ловиме нашиот сон и верувам во квалитетот на играчите и на стручниот штаб. Нашиот национален тим покажа карактер и победнички менталитет, па ќе работиме да дојдеме до посакуваниот успех на овие мечеви“, изјави Адеми.
Натпреварите од Лигата Д во Лигата на нациите се играат во март.