• Горан Упале

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер, го критикуваше квалитетот на фудбалот на натпреварот помеѓу Арсенал и Атлетико. „Топџиите“ победија со 1-0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Лондон, со гол на Букајо Сака, и со тоа се пласираа во финалето на Лигата на шампионите со севкупни 2:1.
Сепак, Снајдер беше разочаран од нивото и квалитетот на фудбалот на „Емирати“.
„По 35. минута сакав да се јавам во УЕФА и да им речам да го прекинат натпреварот и на играчите да им кажат да го напуштат теренот, а натпреварот меѓу Баерн и ПСЖ да го прогласат за финале. Знаев дека ова ќе се случи. Атлетико се повлече и се откажа од поседот, а Арсенал ја имаше топката во свои нозе“, рече Снајдер.
Во второто полуфинале, вечерва во 21:00 часот, ќе играат Баерн и ПСЖ, а парижаните имаат предност од 5-4 од првата средба.



