Сака: Се надевам дека оваа прекрасна приказна ќе заврши добро во Будимпешта!

Букајо Сака, првата ѕвезда на Арсенал, се врати во првиот состав на Микел Артета и беше најзаслужен за пласманот на лондонскиот гигант во финалето во Лигата на шампионите. Во Лондон „топџиите“ славеа со минимални 1-0 над Атлетико Мадрид, а стрелец на единствениот гол беше токму Сака. 

„Сè е толку убаво вечерва. Видeтe што значи оваа победа и ова финале за нас и нашите навивачи. Се надевам дека оваа прекрасна приказна ќе заврши добро во Будимпешта. Полесно е да се каже отколку да се оствари пласманот во ова финале. Овој натпревар го игравме под голем притисок. Значеше многу и за двата тима, но успеавме да одиграме добро и одговорно и да се квалификуваме во финалето. Сè започна пред натпреварот кога пристигнувавме на стадионот со клупскиот автобус. Никогаш не сум видел нешто слично“, рече англискиот ас.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 30 мај во Будимпешта, а противник на Арсенал ќе биде Баерн Минхен или ПСЖ. Парижани од првата средба имаат предност од 5-4.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2