• Зоран Мишевски
Англискиот офанзивен фудбалер Букајо Сака изјави дека целта на неговиот тим не е само да ја победи Франција во претстојниот четвртфинален натпревар од Светското првенство, туку да стане светски шампион.
„Мора да веруваш. Мора да влезете во натпреварот мислејќи: „Можеме да победиме“. Засега сме фокусирани на натпреварот против Франција кој ќе биде многу тежок“, изјави Сака.
Според фудбалерот на Арсенал, Англија ќе се обиде да се доближи до целта да стане шампион. Сака оцени дека Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот и додаде дека англискиот тим треба добро да се подготви за да го спречи, бидејќи напаѓачот на Пари Сен Жермен е познат како многу брз играч.
„Ќе биде возбудлив натпревар. Како тим мора добро да се подготвиме за да го запреме, а свесни сме дека Франција има повеќе квалитетни играчи“, Сака.
Дуелот меѓу Англија и Франција се игра в сабота од 20:00 часот.