Сака ли некој до шестото место во Чемпионшип?

Како што се ближи крајот на првенствениот дел од Чемпионшип, се добива впечаток како на никој да не му се освојува шестото место, последно кое води во баражот за Премиер лигата.

Поради многу лошите резултати на кандидатите за доигрување, ситуацијата е таква што на три кола пред крајот на првенствениот дел има само четири бода разлика меѓу тимовите од шесто до 12-то место! Значи, дури и Блекбурн или Бристол Сити имаат на што да се надеваат.
Кардиф и Дерби ќе ги одмерат силите во главниот град на Велс во наредното коло. Двата тима имаат идентично лоша форма. И „Сините птици“ и „Овните“ запишаа по два порази во низа, но предноста кај велшкиот клуб е тоа што и натаму го држи тоа шесто место што значи дека сè зависи од нив. Сами решаваат за својата судбина

.Кардиф имаше убава серија: четири победи и реми, а потоа доживеа пораз на домашен терен од Блекбурн, па доби нов удар од Фулам. И Дерби врза четири триумфи во низа и дојде до седмото место, со реални шанси да се вмеша во борбата за место погоре, а потоа и тој доживеа пад.

Ремито со Нотингем, па поразите од ВБА и Брентфорд, кои објективно се подобри екипи и ете за миг Вејн Руни и неговите соиграчи завршија на позицијата број 10.
Првиот сезонски дуел на овие два тима, на теренот на Дерби, заврши без победник со 1:1. Мал проблем за Кардиф претставува серијата без победа над противникот која трае од 2016 година, во последните два дуели беше 0:0 и 2:0 за Дерби.

Погледнете ги сите коефициенти за натпреварите од Чемпионшип >>>

Обично кога на маса се толку важни бодови за двете страни, а тимовите се со приближни сили и во грч, нема многу голови. Очекуваме така да биде и во Велс.