• Саше Љолес

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума најверојатно ќе остане во францускиот ПСЖ, а управата подготвила нов договор за него и тој би требало да го потпише во следниве денови, јавија повеќе медиуми во оваа земја.
Деновиве се шпекулираше дека Донарума ќе замине од Франција и ќе направи трансфер во Интер или Јувентус, но изгледа дека управата на „светците“ сака да го задржи во своите редови.
Новата соработка треба да трае до 2030 година, а чуварот на мрежата би добил и зголемување на платата. Во моментов Донарума заработува осум милиони евра по сезона, но оваа сума може да порасне за уште два милиони. Голманот изразил желба да остане во Париз, па затоа се очекува наскоро да биде објавена новата соработка.
Донарума пристигна во ПСЖ пред четири години и досега настапи на 99 натпревари во дресот на францускиот гигант.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.