Сагата заврши: Роналдо не е повеќе член на Манчестер Јунајтед!

Кристијано Роналдо повеќе не е член на Манчестер Јунајтед, соопшти англискиот клуб.

По контроверзното интервју со Пирс Морган, во кое се сврте против клубот и своите соиграчи, Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед.

„Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо се договорија за условите за заеднички раскин на договорот, му посакуваме на играчот успех во понатамошната кариера“, соопштија од клубот од Олд Трафорд.

Роналдо оваа сезона постигна само еден гол на десет настапи, но цела сезона е во конфликт со тренерот Ерик Tен Хаг, кого конкретно го спомена во споменатото интервју. Португалецот моментално се наоѓа во Катар, каде ќе игра на својот последен Мундијал.