Сагата заврши, Милан и Клуб Бриж се договорија за „новиот Де Брујне“

Челниците на Милан и Клуб Бриж конечно се спогодија и го доворија трансферот на Чарлс Де Кетеларе во Италија. Младиот белгијски офанзивец беше мета број еден за „росонерите“, преговорите беа долги и мачни, но двете страни конечно пронајдоа заеднички јазик. 

Самиот фудбалер одамна ги договори личните услови, во Милано ќе заработува околу 2,2 милиони евра годишно, а ќе парафира до 2027 година. Де Кетеларе тежнееше кон трансферот, ги притискаше челниците на Бриж да попуштат, но до тоа долго не дојде. На крајот, двете страни се договорија на 32 милиони евра веднаш, плус три во име на бонуси, а се споменуваше и процент од евентуална идна продажба. 

Инаку, Де Кетеларе во Белгија е прогласен за „новиот Кевин Де Брујне“ поради својот стил на игра. Во минатата сезона тој беше главен протагонист во Клуб Бриж. Де Кетеларе запиша 49 настапи во сите конкуренции, постигна 18 погодоци и десет асистенции. 21-годишникот настапува на плејмејкерската позиција и овие бројки се одлични, а исто така може да одговори и на крило. По неколкумесечни преговори, Милан конечно ја затвори зделката и Де Кетеларе ќе му се стави на располагање на Стефано Пиоли

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.