Сагата продолжува: Раиола бара нов договор за Донарума, Милан не нуди повеќе пари

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарима повторно се најде на мета на медиумите. Според најавите, неговиот менаџер Мино Раиола планира да бара нов, повисок договор. Моменталниот договор на играчот изнесува шест милиони евра по сезона, а валиден е до јуни 2021 година. 

Контроверзниот менаџер сака да издејствува побогат договор за својот клиент, а од друга страна Милан е во финансиски проблеми. Управата на клубот има во план на Донарума да му ја понуди истата плата, но со продолжен договор. 

Користејќи ја истата плата, но на подолг период, се смета за еден вид на намалување на приходите. Останува да видиме дали во скоро време ќе дојде до директни контакти на агентот и директорите на клубот. 

Донарума дебитираше во Милан во 2015 година, а досега собра 153 настапи за клубот. Тој во повеќе наврати нагласил дека не планира да го напушта клубот, но Раиола секогаш прави проблеми со високите барања. 

Голманот моментално е на интернационална задача со селекцијата на Италија. Тој во репрезентацијата го наследи Буфон, а досега има 15 настапи.