Сагата продолжува, Лидс со нова подобрена понуда за Алиоски

Алиоски

Марсело Биелса не се откажува од намерата да го задржи Езџан Алиоски. Македонскиот фудбалер има нејасна иднина, а за истата се очекува да одлучува по Европското првенство.

Договорот на 29-годишникот со Лидс Јунајтед завршува ова лето. Клубот му понуди нова соработка во повеќе наврати, но доби негативен одговор на сите обиди. Според последните информации од „Еланд Роуд“, нашиот интернационалец ќе добие нов подобрен договор. Останува да видиме дали ќе одлучи да продолжи во Премиер лигата или ќе го исполни ветувањето и ќе замине во Галатасарај.

Алиоски според пишувањата на англиските медиуми заработува 55.000 фунти неделно. Само четворица соиграчи од Лидс заработуваат повеќе од него.

Бројките не се на страна на популарниот Џани, меѓутоа тренерот Биелса инсистира до управата тој да остане. Неговата игра во дефанзива е проблемот во очите на фановите, кои на неколку наврати испратија огромни критики на негова сметка.