• Иван Димовски
Фудбалерите на ПСЖ го освоија трофејот на ФИФА Интерконтиненталниот куп, откако подобро изведуваа пенали од Фламенго (2-1). Во регуларното време на „Ахмад бин Али“ стадионот во Ал Рајан резултатот беше израмнет (1-1), а ниту по продолженијата немаше резултатски промени иако парижани доминираа.
- Извештај од натпреварот:
Средбата тргна со рана шанса преку Жоао Невеш, меѓутоа резултатот остана непроменет. Бргу потоа се тресеше мрежата на Бразилците, стрелец беше Фабиан Руиз, ама голот беше поништен со помош на ВАР. Се играше помирно во продолжението, а ПСЖ успеа да го скрши отпорот на ривалот во 38. минута. Квича Кварацкелија добро се снајде и го пронајде патот до мрежата на Фламенго за 1-0, резултат кој беше активен на паузата.
Во вториот дел бразилската екипа успеа да се врати во игра, бидејќи доби најстрога казна. Ударот од белата точка прецизно го изведе искусниот Жоржињо и во 62. минута израмни на 1-1. Се играше добар меч понатаму, ПСЖ имаше повеќе шанси, особено во финишот. Сепак, резултатот не се менуваше и средбата влезе во пенал-рулетот.
Во првата серија Де Ла Круз и Витиња беа прецизни, а Сафонов му го одбрани пеналот на Саул во втората. Сепак, следеше и промашување на Дембеле кој го промаши голот, како и на Педро кој шутна катастрофално. Капитална предност донесе Мендеш, а Переира промаши, но првата „меч-топка“ не ја искористи Баркола. Четврти пенал во низа одбрани Матвеј Сафонов кој беше вистински херој на парижани.


