Садио Мане повторно на радарот на Зинедин Зидан

Француските медиуми известуваат дека по враќањето на Зинедин Зидан во тимот на Реал Мадрид, напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, повторно е интересен за „кралевите“.

Наводно, Садио Мане и Реал Мадрид уште минатата година имаа постигнато пред-договор, но истиот пропаднал во оној момент кога Зинедин Зидан го напуштил „Сантијаго Бернабеу“. Сенегалецот игра одлично оваа сезона и на 38 одиграни натпревари запиша 20 погодоци.

Зидан во Мане гледа како партнер на Карим Бензема, кој во последната година нема конкуренција во нападот на „кралевите“. Но, сепак последниот збор ќе го има Јирген Клоп, кој неодамна изјави дека неговите играчи не се на продажба и дека и следната година Мане и компанија ќе бидат носители на играта.

26-годишниот Садио Мане, во ноември минатата година го продолжи договорот со тимот од „Енфилд“ до 2023 година, а неговата моментална вредност на трансфер-пазарот изнесува 85 милиони евра.