Садики замина во пензија и ќе му биде „десна рака“ на Таневски во Беса

Бурим Садики, играчот со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал, реши да ѝ стави крај на кариерата и почнува тренерски ангажман во екипата на Беса.

34-годишниот тетовчанец беше дел од тимот од Добридол како играч, но прекинува со активното играње. Ќе остане дел од стручниот штаб, каде ќе му биде „десна рака“ на тренерот Александар Таневски и заедно со Филип Ѓорчевски ќе работат во екипата.

Садики најголема трага остави како играч на Ренова, каде како играч за врска играше од 2013 година па се до згаснувањето на првиот тим, во 2022 година. Беше дел и од Арсими и Дрита од Боговиње.

Беса за првпат во историјата ќе игра во ПМФЛ.