• Мартин Танасковски
Фудбалските федерации на САД и Мексико испратија кандидатура за уште едно заедничко Светско првенство.
Се работи за Мундијалот за жени во 2027 година. Според најавите противкандидат ќе биде Бразил, а исто така се очекува заедничка кандидатура да испратат Холандија и Белгија.
САД и Мексико ќе имаат еден голем настан во периодот кој следи, тоа е СП 2026 на кое ќе бидат домаќини заедно со Канада.
Одлуката за женското фудбалско СП ќе се донесе во февруари.