• Сашо Поповски

Вчера се одиграа последните два четвртфинални мечеви на овогодишниот Голд Куп.
На истите Јамајка и САД запишаа минимални победи против Панама, односно Курасао. Овие две репрезентации ќе го сочинуваат првиот полуфинален пар, а борба за финале ќе водат и Хаити и Мексико.
Американските фудбалери со еден погодок го решија последното четвртфинале. Тие брзо поведоа против Курасао со голот на Вестон Мекини и до крај ја задржаа минималната предност.
- Извештај од натпреварот:
Јамајканците се израдуваа на пласманот во следната фаза со погодок од пенал на 15 минути до крајот на мечот. Тогаш во игра влезе Дарен Матокс и само неколку моменти подоцна доби шанса и истата ја искористи од белата точка.
- Извештај од натпреварот:
Полуфиналните дуели се закажани на 3 и 4 јули. Големото финале ќе се одигра на 7 јули во Чикаго.