ВИДЕО: Сабитцер го доближи РБ Лајпциг до Баерн Минхен

Екипата на РБ Лајпциг имаше доминација, ама славеше минимално на гости кај Арминија Билефелд (0-1) и со овој резултат му се доближи на лидерот Баерн Минхен во Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Лајпциг е најсериозен конкурент на апсолутниот владетел во германскиот фудбал во изминатите години, а разликата меѓу двете екипи сега е само еден бод. Баерн Минхен така ќе мора да оди на победа против Штутгарт, затоа што веќе во следното коло е меѓусебната пресметка за врвот.

По многу пропуштени шанси во првото полувреме, на самиот старт на вториот дел, Дани Олмо го проигра Марсел Сабитцер, а тој успеа да ја смести топката зад грбот на голманот на Арминија. Тоа беше и единствениот погодок кој го видовме на натпреварот на „Шуко Арената“ во Билефелд.

За РБ Лајпциг ова беше 17-та победа во Бундеслигата сезонава по 26 одиграни кола. Арминија се наоѓа во долниот дел на табелата и до крајот ја чека битка за опстанок.