• Саше Љолес
Екипата на Вардар го совлада Осогово во пријателскиот натпревар одигран во Кочани, славејќи со конечен резултат 1-4 (1-2). Двете екипи се сретнаа во рамки на зимските подоготвки, а мечот имаше и хуманитарен карактер за настраданите во страшната кочанска трагедија.
Осогово поведе откако вардарци си постигнаа автогол во првото полувреме, но скопскиот состав го сврте резултатот уште во првото полувреме, заминувајќи на паузата со минимална предност (1-2).
Во вторите 45 минути Вардар ја потврди победата со уште два погодока во домашната мрежа. Горан Закариќ и Димитар Тодоровски погодија по еднаш во првото полувреме, а во вториот дел двоен стрелец беше Филип Дурански.
Осогово ја продолжува сезоната во Втората лига со натпреварот против Каменица Саса на 21 февруари, а Вардар го продолжува походот кон врвот во ПМФЛ со мечот против Арсими на единаесетти февруари.

