• Саше Љолес
Екипата на Интер триумфално ја заврши сезоната во Серија А со минимална победа на гостувањето кај Торино со 0-1 (0-1). „Нероаѕурите“ беа поквалитетен противник и заслужено триумфираа кај незгодните „бикови“.
- Извештај од натпреварот:
Тренерот Симоне Инзаги изведе на теренот прилично силен состав, иако многумина очекуваа да ги одмора најважните играчи. Првиот и единствен гол го постигна Марсело Брозовиќ во 37. минута. Торино имаше две солидни прилики, но не успеа посериозно да го загрози голот на Хандановиќ.
Во вторите 45 минути видовме прилично израмнета и помалку рутинска игра на Интер, додека Торино се обидуваше да стигне до израмнување. Домашните имаа уште две изгледни шанси, но ударите на Санабрија и Влашиќ минаа крај дирекот. Санабрија имаше една огромна шанса на крајот од натпреварот, но не успеа од само три метри да го промаши гостинскиот гол.
Гостите од Милано делуваа стабилно во дефанзивата и комплетно личеа на тим кој сака внимателно да го затвори натпреварот и да ги сочува силите за најважниот меч сезонава.
Интер официјално на крајот од сезоната ќе има 72 бода, па останува да видиме дали „нероаѕурите“ ќе завршат на второто или третото место на табелата. Екипата на Торино ја завршува сезоната на солидното деветто место со 53 бодови.