• Иван Димовски

Артем Ѕјуба одлучи да стави крај на играчката кариера. Поранешниот капитен на репрезентацијата на Русија и херој од Светското првенство во 2018 година минатата сезона му помогна на Акрон да го обезбеди опстанокот, но не успеа да договори продолжување на соработката со клубот од Тољати. Бидејќи потоа не најде нов ангажман, искусниот напаѓач реши да стави точка на богатата кариера.
Најуспешниот период Ѕјуба го имаше во Зенит, каде двапати беше најдобар стрелец во лигата и освои четири шампионски титули на Русија, четири Суперкупа и два Купа. Во текот на клупската кариера одигра 654 натпревари и постигна 235 голови, додека за репрезентацијата на Русија настапи 56 пати и постигна 31 гол.
Со Русија Ѕјуба најмногу се истакна на Мундијалот во 2018 година, а репрезентативната кариера ја заврши како еден од најдобрите стрелци во историјата на националниот тим.

