Руски стример им ветил 300.000 евра на навивачите кои упаднаа на теренот во Лондон?

Лондонската полиција приведе 53 лица пред, за време и по завршувањето на финалето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

„Полицајците извршија 53 апсења на „Вембли“, пет за инвазија на теренот и мнозинството за обиди за прекршување на безбедноста. Големите спортски настани често ги привлекуваат оние кои немаат билети да ја заобиколат оградата или на друг начин да влезат“, рече командантот на митрополитската полиција Луиз Пудефут.

Портпаролот ги осуди „постапките“ на навивачите кои втрчаа на теренот на „Вембли“.

„Сите лица се уапсени. Ќе ги поддржиме властите да се погрижат да се преземат соодветни мерки“, заврши командантот.

Англиските медиуми пренесуваат дека контроверзен руски стример им ветил 300.000 фунти на навивачите кои втрчале на теренот.

Реал Мадрид во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2-0 и по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите. 

Состави

Нури Шахин

4-2-3-1

    Карло Анчелоти

    4-3-1-2