Руски Ростов со богата понуда го бара Тошевски од Работнички

Работнички е на прагот да извади во Европа уште еден фудбалски „бисер“, затоа што за 18-годишниот Давид Тошевски постои интерес од сериозни клубови кои сакаат да го добијат во своите редови.

Напаѓачот на „романтичарите“ доби шанса меѓу сениорите и максимално ја искористи. Со тоа го привлече вниманието на клубови од Европа, меѓу нив два гиганти, од Франција и од Русија.

Првото име кое е заинтересирано за Тошевски е француски Лил. Понудата до Работнички наводно е веќе доставена, но ситуацијата може да ја промени рускиот фудбалски гигант Ростов. Дознаваме дека најновиот интерес од Русија, неофицијално, носи и побогата финансиска понуда која изнесува над 800.000 евра.

Давид Тошевски е производ на Работнички, а нема да биде изненадување ако неговиот трансфер предизвика внимание во Европа, нешто што претходно го направи Ељиф Елмас, кога од Работнички се пресели во турски Фенербахче.