Руски фудбалер е првиот кој ќе го пропушти ЕП поради коронавирус

Мостовој

Андреј Мостовој нема да биде дел од репрезентацијата на Русија на Европското првенство, кое започнува денес.

Руската фудбалска федерација одлучи да го отстрани од тимот поради позитивен тест на коронавирус. На неговото место е повикан Роман Јевгениев од Динамо Москва.

Оваа промена се случува непосредно пред почетокот на натпреварите на руската селекција. Прв противник на „зборнаја“ ќе биде прворангираната репрезентација на ФИФА листата, Белгија.

Мостовој дебитираше во националниот дрес минатата година и поголемиот дел од минутажата ја добиваше како опција од резервната клупа.