• Саше Љолес
Тренерот на Спартак од Москва, Дејан Станковиќ, доби едномесечна суспензија од Руската фудбалска федерација поради наводни вербални напади врз судиите на натпреварот против градскиот ривал, Динамо.
Српскиот стратег протестираше кон судиите во финишот на првото полувреме и доби жолт картон, но не престана со навредите, а тоа не мина неказнето од Дисциплинската комиција на руската федерација.
Одлуката била едногласна, што значи дека Станковиќ во следните триесет денови нема да може да го води својот тим, кој во моментов е на осмата позиција на табелата со вкупно дванаесет бодови.
Станковиќ седна на кормилото на Спартак минатата година, откако му заврши соработката со унгарскиот Ференцварош.
ФОТО/PHOTO: Spartak Moscow/Facebook




