Руска обложувалница исплаќа тикети на кои Португалија е ставена „двојка“

Србија Португалија

Португалија одигра лошо второ полувреме и испушти висока предност, па само со бод си замина од гостувањето кај Србија.

Овој натпревар донесе четири гола, но и полемичен момент околу кој се крена огромна прашина. Целиот свет зборува за обидот на Кристијано Роналдо во надополнувањето и непризнатиот погодок од страна на помошникот судија.

Капитенот на гостите бурно реагираше на оваа одлука. Тоа на крај би можело да му донесе казна или суспензија, а скратената победа спречи огромен број обложувачи кои типуваа на португалско славје во Белград да имаат финансиска добивка.

Интересна информација доаѓа од Русија која вели дека обложувалницата „Тенис“ одлучила да им исплаќа пари на сите оние кои ставиле „двојка“ на овој натпревар, и покрај официјалниот конечен резултат. Исто така исплатени се тикети на кои типувано било дека ќе има повеќе од 4,5 гола на натпреварот или дека Роналдо ќе се запише во листата на стрелци.

Во исто време, тие ги признале добивките на оние кои се обложиле на нерешен резултат, а според руските медиуми, не е познато колку среќни добитници го искористиле нивниот потег, но сигурно е дека обложувалницата си направи голема реклама.