• Горан Упале
Чуварот на мрежата на ПСЖ, Матвеј Софанов, се издвои како клучна фигура во финалето на Интерконтиненталниот Куп, но триумфот го плати со тешка повреда – скршеница на раката.
И покрај силните болки, рускиот голман херојски издржа и одбрани дури четири пенали во пенал-серијата што го реши дуелот со Фламенго. Деталите од драматичната вечер и жртвата на Софанов ги откри тренерот Луис Енрике неколку дена подоцна.
„Не можам ниту да ви објаснам. Ниту самиот играч не знае како тоа се случи. Мислиме дека е при третиот пенал кога направи чуден потег. Има скршеница. Со адреналинот кој го превладеа можеше да го заврши натпреварот и покрај скшеницата. Мислам дека ова е првпат голман да одбрани четири пенали. Презадоволни сме што освоивме уште еден трофеј и се надеваме дека го заслуживме“, изјави Енрике.
Инаку, Софанов како ретко кој голман досега одбрани дури четири удари од единаесет метри и беше најзаслужен за трофејот на европскиот шампион.


