Русија закажа две контролки во март и чека укинување на суспензијата од УЕФА

Фудбалската репрезентација на Русија се подготвува за два официјални пријателски натпревари во месец март. „Зборнаја“ ќе одигра две средби во рамки на термините за контролни мечеви, и покрај тешкотијата да најде соодветни противници. 

Првиот меч е закажан на 27 март во Краснодар, каде Русија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Никарагва. Неколку дена подоцна, на 31 март во Санкт Петербург, Русите ќе го пречекаат тимот на Мали.

Иако Русија е под санкции и не може да учествува во официјалните натпреварувања како Лигата на нации поради суспензијата која следува после почетокот на војната во Украина, тие сепак имаат право да играат пријателски натпревари со други национални тимови.

Овие средби се дел од подготовките и воигрувањето на тимот, со надеж дека во блиска иднина може да се врати на официјалните турнири доколку УЕФА ја укине суспензијата.