Русија по долго пак со европејци, дома ќе игра пријателска со Србија

Фудбалската репрезентација на Русија договори пријателски натпревар против репрезентацијата на Србија која ќе се игра во март, потврдија двете федерации.

Натпреварот ќе се игра на 21 март на стадионот на Динамо Москва, некогашниот „Лав Јашин“, а сега „ВТБ Арена“ поради комерцијални причини. Србите потоа ќе патуваат за Кипар каде ќе одиграат дуел со домаќинот во Лимасол (25 март).

Мечот против Србија, за Русите ќе биде прв со европска селекција по стартот на воениот конфликт со Украина. Досега, селекцијата играше со Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Иран, Ирак, Куба, Катар...