Фудбалерите на Спартак Москва го освоија Купот на Русија, откако во финалето славеа во пресметката со Динамо Москва со 2-1 (1-0). Екипата која и пред стартот ја имаше благата фаворитска улога, дојде до целта и триумфирашпе на „Лужники“ во Москва.
Германскиот фудбалски стратег Даниел Фарке ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Краснодар, една недела по почетокот на руската воена интервенција во Украина.
По Андриј Воронин, уште еден фудбалски стратег го напушта рускиот фудбал, откако Маркус Гисдол поднесе оставка од функцијата тренер на Локомотив Москва, во знак на протест поради руската инвазија на Украина.
Ветеранот Јури Жирков нема намера да ја заврши професионалната кариера и пронајде нов клуб и на 38 години. Поранешниот репрезентативец на Русија потпиша договор со Химки до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжена на уште една.
Ерменскиот фудбалер кој настапува за Рома, Хенрик Михтарјан, во моментов е далеку од пензија, но веќе има договор што ќе работи по крајот на кариерата.
Екипата на Зенит убедливо славеше над Динамо Москва (4-1) во дербито во руската Премиер лига и се зацврсти на врвот на табелата, така што овој колектив ги покажа способностите и зошто е шампион на Русија.
Руското првенство одамна не било поинтересно. Од лидерот Зенит до шестопласираниот Сочи има само пет бода разлика. Се чинеше дека Зенит повторно од стартот далеку побегна, но шампионот искомбинира два порази, од Арсенал од Тула (2-1) и Сочи (2-1) и со тоа дозволи конкуренцијата да го стигне. Одговорот на тие два порази беше брутален. Како ранет лав рикаа „небесносините“ и на големото дерби на Русија одиграа моќно и го уништија Спартак со 7-1!
Фудбалерите на Локомотив Москва имаат нов тренер. Наместо Марко Николиќ, на чело на московскиот тим седна Германецот Маркус Гисдол, објави управата на клубот.
Можеби беа хит минатата сезона во Премиер лигата на Русија, но сега фудбалерите на Локомитив Москва се во сериозни проблеми. Српскиот тренер Марко Николиќ си поднел оставка, поради серијата на лоши резултати во руската Премиер лига и групната фаза на Лига Европа.