
Фудбалерите на Краснодар приредија големо изненадување и во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите го елиминираа Порто.
Голем број навивачи во Русија немаа можност да го следат мечот на ТВ екраните, затоа што португалскиот тим не најде „заеднички јазик“ со руска ТВ за сигнал.
Веројатно проблемот биле парите, а поради тоа Твитер профилот на Краснодар се погрижи да му се „реваншира“ на ривалот со досетлива провокација.
Пораката гласеше: „Се извинуваме, но немаме лиценца да пренесуваме програми за возрасни. Краснодар го уништи Порто во првиот дел и издржа во продолжението“.
Извините, но у нас нет лицензии на показ контента для взрослых
«Краснодар» в первом тайме уничтожил «Порту» на Драгао и выстоял во втором
Desculpe, mas não temos licença para veiculação de conteúdo para adultos.
Boa sorte, @FCPorto pic.twitter.com/dV4LyMoWuw— Матч ТВ (@MatchTV) August 13, 2019