„Руни не знае што прави, делува дека е потполно изгубен во просторот“

Вејн Руни нема премногу светли моменти во својата тренерска кариера, а тоа се потврдува и со фактот дека неговиот Плимут Аргил е на очајното претпоследно место во Чемпионшип. 

Тимот досега освои само 17 бода и се наоѓа во лоша форма, а последниот пораз од Свонси предизвика нова лавина реакции и критики за младиот тренер, за кој се вели дека е „потплоно изгубен во просторот и делува дека воопшто не знае што прави“. 

„Со секој потег и израз на лицето ни докажува дека нешто не е во ред. Делува дека е изгубен и нема идеја што да направи за да ја подобри формата на тимот. Сигурен сум дека е под голем притисок и затоа комплетно ја загубил самодовербата.

На сите изјави и разговори со медиумите е вцрвенет и засрамен. Мислам дека е време за промени“, изјави Дарен Стентон, фудбалски вљубеник и експерт за говор на телото. 

Навивачите на Плимут исто така се незадоволни од лошите резултати, па наскоро можно е Руни и да добие отказ од управата, иако засега нема најава за такво нешто. Во тренерската кариера претходно ги предводеше Дерби Каунти, ДЦ Јунајтед и Бирмингем.