Руни: Нашата „златна генерација“ ќе освоеше сѐ, ако Пеп ни беше тренер

Англискиот репрезентативец Вејн Руни истакна дека ако Пеп Гвардиола бил тренер на „златната генерација“ на Англија, тогаш фудбалерите ќе можеле да се радуваат на сѐ што може да се освои во репрезентативниот фудбал.

Тимот кој беше дел од „Гордиот албион“ пред повеќе од една декада, важеше за најталентираниот во историјата на оваа земја. 

„Ако го погледнете нашиот тим пред десет години, ја имавме најдобрата група на играчи во светскиот фудбал. Фердинанд, Тери, Кол, Џерард, Сколс, Лампард, Бекам, Овен, јас... ако го имавме Гвардиола за тренер, со тој тим ќе освоевме сѐ што може да се освои. Немам сомнеж за тоа“, изјави Руни.

Руни досега играше на шест големи настани со Англија, каде „Гордиот албион“ не успеа ниту еднаш да мине повеќе од четвртфинале.