ВИДЕО: Руни е фудбалски мајстор - хируршки прецизен слободен удар против Стоук

Руни

Мајсторијата на Вејн Руни ја одбележа убедливата победа на Дерби Каунти на дуелот против Стоук.

Поранешниот капитен на Англија и сегашен тренер-играч на домашниот тим испрати перфектно прецизен слободен удар за да ја запечати фантастичната вечер на „Прајд Парк“.

Голот на Руни против Стоук Сити:

Дерби стигна до десеттата победа во сезоната со која се зацврсти на средината од табелата во Чемпионшип.