• Саше Љолес
Легендарниот Вејн Руни повторно искажа критики за голем дел од актуелните фудбалери на Манчестер Јунајтед и рече дека би задржал само двајца играчи од овој состав на „ѓаволите“.
Јунајтед успеа да го мине Реал Сосиедад и се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа, но Руни не е импресиониран од многу играчи и отворено кажа кои поединци заслужуваат да го носат дресот на славниот англиски клуб.
„На екипата ѝ се потребни драстични промени, тоа е повеќе од очигледно. Од актуелниот состав би ги задржал само Коби Мејно и Бруно Фернандеш. Има околу 15 играчи кои веднаш би ги ставил на продажба“, изјави Руни.
Манчестер Јунајтед има очајна сезона во Премиер лигата и во моментов е на четиринаесеттата позиција на табелата, а единствена светла точка е учеството во Лига Европа, каде важи за еден од фаворитите за трофејот.