Руни без влакна на јазикот: Играчите на Јунајтед се кукавици на теренот!

Вејн Руни критика

Легендите на Манчестер Јунајтед се згрозени поради моменталната ситуација во клубот.

Откако замина Сер Алекс Фергусон, екипата никако не може да ги оствари посакуваните резултати. Вејн Руни, поранешниот напаѓач на тимот од „Олд Трафорд“, испрати јавна критика кон моменталниот ростер кој смета дека е преполн со кукавици.

„Тие секогаш кукавички се кријат зад некого што и да направат. Секогаш друг им е крив за поразите и секако за безобразното однесување на социјалните мрежи. Не можам да разберам како после пораз тие рекламираат облека или средство за после бричење на социјалните профили. Не можам да го сфатам тоа.

Кога навивачите им се лутат за тоа, тие наоѓаат оправдување. Тоа е неверојатно кукавички. Тие мора да се плашат од некого за да започнат да играат како што треба. Мора да се плашат од Солскјер и Керик. Треба да ги почитуваат, но и да им се плашат“, вели најдобриот голгетер во историјата на „црвените ѓаволи“.

Доаѓањето на норвешкиот стратег не донесе ништо ново. Јунајтед заврши на разочарувачкото шесто место во Премиера лигата и уште една сезона пропушти да обезбеди настап во Лигата на шампионите.