ВИДЕО: Руиз и Баркола стрелци за ПСЖ во пресврт-победата кај Ленс

Фудбалерите на ПСЖ се изборија за гостинска победа кај Ленс со 1-2 (1-0) и со пресврт славеа во дерби натпреварот од 18. коло во француската Лига 1. 

„Светците“ имаа негатива по првите 45 минути, откако домаќините поведоа преку Мбала Ензола, но во вториот дел успеаја да го свртат резултатот со погодоците на Фабиан Руиз и Бредли Баркола. 

Првиот израмни на 1-1 во 59. минута, а конечните 1-2 беа поставени на една минута пред истекот на регуларното време. ПСЖ останува лидер на табелата со 46 бода, десет повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј, кој има и натпревар помалку. 

Монако синоќа непрдвидено загуби од Монпелје со 2-1, а Лил со истиот резултат ја совлада Ница. Вечерва Рен гои пречекува Брест, а Тулуз гостува кај Лион.

Состави

William Still

3-4-2-1

    Луис Енрике

    4-3-3