ВИДЕО: Руи Патрисио е херојот,, „волците“ го освоија „Азија Купот“

Вулверхемптон е победник на „Азија Купот“, откако во финалето го совлада Манчестер Сити по изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот тек заврши без голови (0-0). Физички поподготвените „волци“ го положија последниот тест пред квалификациите за Лига Европа в четврток против Крусејдерс. 

На „Хонгку Стадиум“, Гвардиола се одлучи за Родри и младите Бернабе и Поведа-Окампоп во стартниот тим, а Нуно со мали исклучоци на терен го извади најдобриот тим.

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот дел „граѓаните“ беа изразито подобар ривал, креираа неколку шанси, а најзрелата не ја реализира Стерлинг, кој не трансформира најстрога казна, шутирајќи преку голот. Во вториот дел пак Руи Патрисио имаше повеќе работа од Браво, но темпото опадна и зрели шанси скоро и да немаше. Најзрелата шанса ја имаше Бернардо Силва, но неговиот сонародник Руи Патрисио одлично одбрани.

Победникот мораше да го даде пенал-рулетот, а Руи Патрисио одбрани три казнени удари и донесе победа од 3-2. Гундоган, Давид Силва и Нмеча не успеаја да реализираат најстрога казна. 

Во натпреварот за третото место на „Азија Купот“, Њукасл Јунајтед го совлада Вест Хем со 1-0, а единствениот гол го постигна Муто Јошинори во 34. минута. 

  • Извештај од натпреварот: