Руи Мота: Мечот во Скопје ни беше мотивација со Шкендија

Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, им оддаде признание на своите фудбалери по елиминацијата на Шкендија и изборениот пласман во групната фаза од Лига Европа. Фудбалерите на тимот од Разград славеа со 4-1 по продолженија.

„Направивме одлично прво полувреме, играчите беа дисциплинирани и ја спроведуваа тактиката на највисоко ниво. Постигнавме два гола, а реално можевме и до трет. Во вториот дел, за жал, изгубивме концентрација, имавме неколку непотребни грешки и лесно ја губевме топката. Тоа му даде простор на противникот и токму во тие моменти Шкендија успеа да постигне погодок. Во продолженијата повторно го најдовме нашиот ритам. Играчите работеа неверојатно многу, ја вратија контролата и со уште два гола докажаа дека заслужуваме да продолжиме понатаму. Секој даде свој придонес, секој помогна во најважните моменти. Она што се случи во Скопје мораше да се поправи. Не беше лесно, но овие играчи се борат до последен свиреж и затоа успеаја да го направат можно ова достигнување. Најважно е што сега сме таму каде што припаѓаме – во групната фаза на Лига Европа“, изјави Мота.

Со овој успех и пласман во Лигата на Европа, Лудогорец ја исполни главната цел на европската сцена.