Ругани заминува од Јувентус, ќе игра на позајмица во Рим

Ругани

Силната конкуренција во одбраната го натера Даниеле Ругани да бара нов клуб.

Младиот италијански фудбалер најверојатно кариерата ќе ја продолжи во екипата на Рома. Најпрво дефанзивецот би заиграл на „Олимпико“ на позајмица, а потоа ќе има опција целосно да биде откупен.

Тимот на Маурицио Сари сака веднаш да ги добие парите, но нема многу избор. „Римската волчица“ не сака да прави голем трошок, па ќе се согласи само за позајмување на талентираниот играч.

25-годишникот во периодот од 2013 до 2015 година веќе играше на позајмица во Емполи.