• Мартин Танасковски
Поранешниот младински репрзентативец на Македонија, Агрон Руфати, има нов клуб по разделбата со Брера Струмица.
25-годишниот стопер си замина од ПМФЛ, а кариерата ќе ја продолжи во Албанија. Нов клуб е екипата на Динамо Сити која имаше непосакуван старт на сезоната со два порази.
Руфати играше во Македонија само во Брера, а низ кариерата беше дел од Академија Клинче од Романија, како и Зорија од Украина, Истра и младинските тимови на Локомотива и Динамо Загреб во Хрватска.