• Горан Упале

Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница забележа уште една победа во подготвителниот период. Штипјани на контролната средба во Охрид извојуваа минимален триумф над второлигашот Караорман, а одново херој на „сините“ беше Рудолф Благоџи.
Интернационалецот од Гана, кој во Брагалница е на пробен период имаше нов одличен настап, кој го круниса со уште еден погодок. Благоџи мрежата на Караорман ја стресе во 12. минута. Претходно Ганецот беше човек на одлука и на пријателскиот натпревар со Тиквеш.
За Брегалница ова беше четврти тест натпревар во рамки од зимските подготовки. Против Академија Пандев одигра без победник, а загуби убедливо од Воска Спорт (3-0).