ВИДЕО: Рудигер со два гола спречи славје на Лестер и „Кинг Пауер“

Челзи Лестер

Дербито во 25. коло од Премиер лигата меѓу Лестер Сити и Челзи заврши без победник (2-2) „Лисиците“ беа блиску до три бода и израмнување со Манчестер Сити на второто место на табелата, но попуштија во завршницата и му дозволија на противникот да освои голем бод на ова гостување.

Тимот од Лондон го слави дефанзивецот Антонио Рудигер, кој ги постигна двата гола. Првиот по еден корнер, а вториот по еден слободен удар на младиот Маунт.

  • Извештај од натпреварот: 

Помеѓу двата гола на Германецот, домаќинот направи пресврт и ја искористи лошата одбрана на „сините“. Барнс со многу среќа израмни, а Шивел доби една топка во срцето на казнениот простор и рутински ја смести зад грбот на Вили Кабаљеро.

Стрелецот на првиот погодок за „лисиците“ имаше шанса да биде човек на одлука. Но, неговиот удар во последните моменти од мечот заврши покрај левата статива.

„Лисиците“ се третопласирани со 49 бода, осум повеќе од тимот на Лампард. Денес се играа уште седум натпревари од Премиер лигата, а денот ќе биде заокружен со дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон.

Состави

Brendan Rodgers

4-1-4-1

    Френк Лампард

    4-3-3