ВИДЕО: Рудигер им се извинуваше на навивачите, еден од нив ја фрли сезонската карта

Навивачите на Челзи беа во шок поради високиот пораз на екипата на гостувањето кај Манчестер Сити.

Тимот на Пеп Гвардиола постигна шест гола во мрежата на „сините“, што секако не им се допадна на фановите кои допатуваа на „Итихад“ од Лондон. Избраниците на Маурицио Сари веднаш заминаа во соблекувалната, а по мечот само Антонио Рудигер остана да ги поздрави и да им се извини на своите приврзаници на трибините во Манчестер.

Повеќе од нив ја прифатија оваа постапка на дефанзивецот, но имаше и такви кои негодуваа и испратија навреди на негова и на сметка на соиграчите.

Еден од нив бил толку гневен, па во знак на револт ја фрлил својата клупска картичка кон него и со тоа испратил порака на незадоволство од играта и залагањето на фудбалерите на ова дерби.