• Зоран Мишевски
Откако влезе во позитивна серија во раната фаза на ноември, Вест Хем го започна новиот месец како што го заврши стариот - со пораз. Три дена по убедливиот домашен пораз од 2-5 против Арсенал, екипата на Јулен Лопетеги со неуспех се враќа од „Кинг Пауер“ во Лестер. „Лисиците“ се претставија во одлично издание на дебито на Руд ван Нистерлрој на клупата и славеа со 3-1 (1-0). На спротивната страна Јулен Лопетеги се наоѓа под голем притисок и британските медиуми најавуваат дека наскоро може да добие отказ.
- Лестер Сити - Вест Хем 3-1:
Џејми Варди во втората и Билал Ел Канус во 61. минута ги постигнаа клучните головите за „сините“ од Лестер. Замбиецот Патсон Дака во последната минута на ефектен начин го потврди победникот. Почесниот погодок за „чеканите“ беше дело на Фулкруг. Со овие три бода Лестер скокна до петнаесеттото место со 13 бода, два помалку од вечерашниот ривал. Следен ривал за момците на Ван Нистелрој е Брајтон викендов, а Вест Хем ќе го пречека Вулверхемптон.
Голема гостинска победа запиша Кристал Палас на Оливер Гласнер. Лондонскиот клуб со три бода се враќа од Ипсвич, откако единствениот гол го постигна Жан Филип Матета во 59. минута.
Утре се играат шест, а в четврток уште два натпревари од вонредното коло. Дербито се игра на „Емирати“, каде утревечер ќе се сретнат Арсенал и Манчестер Јунајтед.