Руби го напушти Еспањол и седна на клупата на Бетис

Младиот каталонски тренер Јоан Фрацеск Ферер Сицилија - Руби и официјално е нов предводник на Бетис од Севиља. Човекот кој го одведе Еспањол во Лига Европа, доби можност да седне на клупата на „зелено-белите“, откако Кике Сетиен спогодбено го раскина договорот со клубот од „Бенито Виљамарин“. 

49-годишниот стручњак потпиша договор на три сезони, а Бетис му плати 900.000 евра на Еспањол за предвремен раскин на договорот. Овој млад тренер претходно работеше во Џирона. Спортинг Хихон и Леванте, а во првата сезона на клупата на Еспањол оствари добар резултат.

Бетис беше поврзуван со Анри, Руди Гарсија и Лопетеги (потпиша за Севиља), но сепак се реши за младо домашно решение и го промовираше Руби.