• Горан Упале
По само неколку дена откако ги напушти редовите на Шкупи, Абдул Руатубјаје од Руанда си најде нов клуб и останува во македонскиот шампионат.
Искусниот дефанзивец е нов член на Брера Струмица и веќе се приклучи на првиот тим предводен од стратегот Горазд МИхајлов.
Станува збор за искусен дефанзивен фудбалер кој во Македонија дојде во јануари 2021 година и беше дел од шампионскиот состав на Шкупи. Се врати во Руанда каде играше за Рајон Спортс, а од февруари беше повторно дел од Шкупи за кој ги одигра и првите четири натпревари од новото првенство.
Руатубјаје во својата кариера три сезони беше и во неколку клубови во САД и седум години во својата држава. Тој е репрезентативец на Руанда за која има 33 настапи а постигнато три голови.